Ред бул ќе плати котизација од 7,4 милиони долари за идната сезона во Формула 1

EPA-EFE/ALI HAIDER

Шампионот ќе плати котизација за учество во натпреварите што е повисока од котизацијата што ќе ја платата Мерцедес и Ферари заедно

Откако собра рекорден број поени во штотуку изминатата сезона, Ф1-тимот на Ред бул ќе треба да плати висока котизација од 7,4 милиони долари за да учествува во шампионатот во 2024 година. Сумата треба да биде платена до 10 декември.

Котизацијата се одредува според формула. Шампионот во првенството на конструкторите плаќа 7.893 долари за секој освоен поен од претходната сезона. Останаитте тимови плаќаат по 6.575 долари за поен.

Базичната котизација за секој тим е 657.837 долари по тим, а на неа се додава сумата која се одредува според освоените поени.

Ред бул освои рекордни 860 поени минатата сезона и според таа формула ќе треба да плати 7.445.817 долари за да учествува идната сезона во шампионатот на Формула 1.

Второпласираниот тим во шампионатот на конструкторите, Мерцедес, според истата формула ќе треба да плати многу помала котизација, односно 3.347.012 долари.

Третопласираниот Ферари ќе плати 3.327.288 долари. Значи Ред бул ќе плати повисока котизација од Мерцедес и Ферари заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот