Салата „мимоза“/Фото: Wikimedia Commons

Рецепти за три најубави кремасти посни салати за Свети Никола: Tрпезата ќе изгледа уште побогато

Се ближи празникот Свети Никола, а тоа значи дека на трпезата треба да послужите и вкусни посни јадења. Свети Никола е една од најголемите слави на нашите простори, па оние што не ја слават, најчесто посетуваат некој што ја слави. Вообичаено, домаќинките се највредни за оваа слава, па затоа празничната трпеза изгледа доста богата со многу вкусни и интересни јадења.

Ако сте љубители на кремасти салати и сакате на вашата посна трпеза да сервирате руска салата, „мимоза“ и други слични на нив, слободно можете да ги направите. Отсега можете да ги правите омилените салати во посна варијанта и да уживате во нивниот вкус дури и ако постите.

Ви предлагаме да пробате некои од овие рецепти за овогодишната слава и сигурни сме дека ќе бидете одушевени.

Посна руска салата

Состојки:

– 2 конзерви сардина
– посен мајонез
– 4 помали моркови
– 4 кисели краставички
– 1 поголем компир
– 300 г грашок
– сол, црн пипер

Подготовка:

Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкани додајте ги и киселите краставички и сардините.
Посолете и ставете црн пипер по желба, а потоа додајте го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се излади. Салатата, по желба, можете да ја правите и без сардина.

Руска салата/Фото: Профимедиа

Посна сенф салата со компири

Состојки:

– 3 моркови
– 4 компири со средна големина
– 10 кисели краставички
– 1 полна лажица сенф
– 2 лажици масло
– 1 лажица оцет
– малку шеќер
– сол, црн пипер

Подготовка:

Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците, исто така, исечкајте ги и додајте ги во компирите и морковите.
Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додајте ги откако варените компири и моркови добро ќе се изладат.

Салата со компири/Фото: Danson67/Flickr

Посна салата „мимоза“

Ако постите или подготвувате посна слава, а една од омилените ви е салатата „мимоза“, не грижете се. Салатата „мимоза“ може да се подготви и како посна и да биде задолжителна на вашата трпеза, на денот на вашата слава или во текот на постот.

Состојки:

– 2 големи варени компири
– 300 г посен мајонез
– 3 варени моркови
– 1 прстофат сечкан праз
– 300 г зелка
– 1 чешне лук
– оцет
– сол, бибер
– масло

Подготовка:

Подгответе три сада, бидејќи мора да направите три дела од салатата. Во првиот сад исечете ги компирите на коцки, празот на мали кругови и сето заедно измешајте го и зачинете со оцет, масло, сол и бибер.

Потоа земете уште еден сад во кој ќе го исечкате и изгмечите лукот, исечете го морковот на кругови и сето тоа зачинете со сол и масло. За третиот сад подгответе свежа зелка како салата и задолжително додајте сол и оцет.

На самиот крај земете голем сад и наредете ги компирите, додајте 100 грама посен мајонез, па морковите, потоа повторно 100 грама мајонез, зелката и на крајот уште 100 грама мајонез.

Салата „мимоза“/Фото: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот