Рецепт за македонски пишии за кои надалеку се зборува

Фото: Фејсбук

Пишиите се традиционален македонски појадок. Рецептот за пишии останал аманет од нашите баби, кој се пренесува од колено на колено.

Освен за појадок, пишиите се одлична идеја и за вечера или за ужина, а се подготвуваат многу едноставно – потребни ви се 20 минути. Можете да ги јадете и во комбинација со сирење, кашкавал, мармалад…

Состојки:

– околу 500 гр мазно брашно
– 300 мл вода (млака)
– 50 мл масло
– половина коцка квасец (свеж)
– половина ќесичка прашок за печиво
– 1 лажичка сода бикарбонa
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Ставете го квасецот во млака вода и шеќерот за да нарасне, а потоа измешајте ги останатите состојки и замесете тесто. Се замесува тесто од сите наведени состојки и постепено го додавате брашното.

Замесете убаво, меко и мазно тесто кое ќе го подмачкате со масло и ќе го покриете со растеглива фолија па оставете го да стаса околу 1 час.

Од стасаното тесто, откинете парчиња и направете топки. Секоја топка од тесто растегнете ја со малку подмачкани раце со масло.

Пишиите ставајте ги во врело масло да се пржат.

Додека се пржи од едната страна, со лажица посипете врело масло од другата страна (на тој начин внатрешноста е шуплива), а потоа превртете ја од другата страна да се пржи. Извадете ги на салфетка за да се впие вишокот маснотии… иако воопшто не се мрсни.
Пишиите се неутрални по вкус, така што можете да ги јадете во солена или во блага варијанта – по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот