Рецепт за ѕаѕики брз грам грчки јогурт

ѕаѕики сос тартар
Фото Профимедиа

Во Грција мезето е незамисливо без прочуениот намаз – ѕаѕики. Станува збор за густ и богат сос направен од грчки јогурт или крем во комбинација со рендани свежи краставици, ц и некои зачини.

Сосот одлично оди со голем број намирници – од печено месо преку меки лепињи, со маслинки и со разновиден свеж зеленчук.

Дури и ако привремено или трајно (поради веганство) сте се откажале од консумирање храна од животинско потекло, можете да уживате во неговите вкусови.

Наместо густ грчки јогурт користете растителна замена од кокос. Само погрижете се да изберете незасладен јогурт. Во спротивно, би можеле да завршите со сосема поинаков сос отколку што сакате.

Состојки:

– 350 грама незасладен кокосов јогурт
– 5 грама свеж власец
– 3 чешниња лук
– 2 лажици екстра девствено маслиново масло
– 1,5 лажици сок од лимон
– ½ голема свежа краставица
– сол и бибер по желба

Подготовка:

Краставицата добро измијте ја и сосе лушпата изрендајте ја. Ставете во цедалка или чиста памучна крпа и исцедете го вишокот вода.

Исцедената рендана краставица измешајте ја со незасладен кокосов јогурт.

Врз смесата изрендајте го лукот и сè заедно зачинете со малку сол, сок од лимон и ситно сечканиот власец.

Во намазот додадете и квалитетно екстра девствено маслиново масло за дополнителна доза на декаденција.

Послужете веднаш или ставете го во фрижидер да се стегне. Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот