Рецепти за две најдобри маринади за највкусна скара, уживајте во првомајското гоштевањe

Фото: Профимедиа

Првомајските празници не можат да поминат без традиционалната скара.

Месото на скара има посебен вкус, а ако му ја додадете вистинската маринада, во неговиот вкус ќе уживате со сите сетила. Месото е најдобро ако го маринирате вечерта пред печењето на скара (или во рерна), а верувајте, вреди секоја минута чекање.

За класичната маринада:
Состојки:

– 100 милилитри сончогледово масло
– 100 милилитри маслиново масло
– 100 милилитри јаболков оцет
– 2 лажици сол
– 2 чешниња лук
– 1 лажица бибер
– 1 лажичка мелена пиперка
– 1 кромид

Фото: Pixabay

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, па ставете ги во длабок сад. Во садот со кромидот додадете ги двата вида масло, оцетот и зачините, па измешајте сè заедно. Парчињата месо потопете ги во добиената смеса и ставете ги во поголем сад, а на крајот месото прелијте го со преостанатата маринада и покријте го. Вака маринирано, местото оставете го барем четири во фрижидер.

За зачинета маринада

Состојки:

– 1 лажица чили во прав
– 1 лажица кафеав шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка бибер
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажица црвена пиперка
– 200 милилитри масло
– 2 лажици сенф

Фото: Flickr

Подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки и измешајте. Со маринадата премачкајте го месото или зеленчукот и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот