Ребел Вилсон призна: „Живеам здраво, но сакам и благо – па користам и oземпик“
Актерката Ребел Вилсон искрено проговори за својот изглед и борбата со килограмите, откривајќи дека повремено користи и медикаменти за слабеење за да ја одржи тежината.
Препорачано
Австралиската ѕвезда својот пат кон поздрав живот го започнала во 2020 година, кога одлучила да направи значајни промени во секојдневните навики.
Како што открила претходно, мотивацијата не била само естетска, туку и здравствена. Лекар ѝ посочил дека би имала поголеми шанси за бременост доколку ја намали телесната тежина.
„Ми рекоа дека шансите за плодност би биле многу поголеми ако сум поздрава. Тоа навистина ме погоди“, изјавила Вилсон во поткастот „Кол хр деди“.
Во периодот кога имала најмногу килограми, актерката тежела околу 100 килограми, но со постепени промени успеала да ослабне околу 36 килограми.
„Сфатив дека треба да бидам понежна кон себе и да одам чекор по чекор“, објаснила таа, додавајќи дека најголем дел од процесот се сведувал на едноставни активности, како пешачење.

Сепак, Вилсон отворено зборува и за периодите кога килограмите повторно се враќале, особено по раѓањето на нејзиното дете во 2022 година, кога поради обврските не можела редовно да вежба.
Таа призна дека во 2024 година повторно се здебелила, што го поврзува со стресот од работата.
Во најновата објава на Инстаграм, актерката сподели фотографија во спортска облека и порача дека го прифаќа своето тело.
„Мислам дека никогаш нема да имам бикини тело – тоа едноставно не сум јас. Но моето тело ме носеше низ животот и сум му благодарна“, напиша таа.

Вилсон откри дека се труди да одржува здрав начин на живот преку движење, пилатес и здрава исхрана, но призна дека има слабост кон слатките.
„Да бидеме искрени, сакам благо, па тие GLP-1 лекови ми требаат одвреме-навреме како мала помош“, додаде таа.
Инаку, ваквите лекови, како семаглутид и тирзепатид, првично се развиени за третман на дијабетес, но денес често се користат и за контрола на телесната тежина.
На крајот, актерката испрати порака до сите кои се борат со балансот меѓу здравјето и обврските.
„Како вработена мајка, едноставно го даваш најдоброто од себе. Поздрав до сите што се трудат да бидат најздравата верзија од себе додека се справуваат со многу работи“, порача Вилсон.
ФОТО | Ребел Вилсон ја запроси својата сакана во „Дизниленд“


