Разрешувањето на Реџепи е за да се прикрие криминалот, тврди конкурентот на Реисот

Фото: Фејсбук

Додека во медиумите се шират информации дека смената на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е поради неговата женидба со 50 години помладата жена, неговиот конкурент за „тронот“ на ИВЗ, Скендер Бузаку тврди дека во разрешувањето на поглаварот е вмешана политиката и дека сето ова е во режија за Реџепи.

-Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.

Тој го спори и неговиот наследник односно одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху бидејќи токму Бузаку води судски спор за позицијата.

Тој лани се прогласи за поглавар на ИВЗ и битката пред судовите за овој спор сè уште се води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот