Ратите одложени но долгот поголем! Банките ќе засметуваат камати за месеците за кои ќе биде одложено плаќањето кредити

Дали мерката за одложување на ратите за кредит ќе им ја олесни финансиската состојба на граѓаните или дополнително ќе го олесни нивниот и онака тенок перичник?

Граѓаните со реакции по најавата на новите мерки со кои се предвидува да им се олесни состојбата за време на кризата со одложување на ратите за кредити. Тие велат дека со ваквата мерка повторно се удира врз грбот на најсиромашните бидејќи како што велат одлагањето кое се спроведува начелно за нивно добро на крајот удира повторно по нивниот џеб.

– Ми се јавија од банка да ме информираат за новите поволности кои ги нидат за време на кризата! Ми понудија да му го одложат кредитот за шест месеци. Прашав колку камата ќе ми биде засметана за ваквата услуга, рекоа околу 60 илјади денари. Навистина не знам дали со ова ќе ми се олесни или дополнително ќе ми се отежни и онака тешката економска ситуација со оглед на тоа дека во догледно време само ќе ми се зголеми главницата која и до сега тешко ја сервисирав, вели за Слободен Печат граѓанин од Скопје прашан што мисли за новите мерки на Владата.

Од друга страна пак денеска на прес – конференција министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека е задоволна од солидарноста на банките по објавувањето дека ги одложуваат кредитите и истакна дека ваквите камати на кредитите никаде не се простуваат.

Истакна дека на ваквото решение кое би требало да ги заштити граѓаните и во моментов и во иднина интензивно се работело во соработка со Народната банка и комерцијалните банки.

Ангеловска рече дека банките веќе ги одложуваат ратите на физичките лица не само за три месеци, туку и за шест, што, според неа е показател оти се доаѓа и до подбри решенија со дијалог, процена на ризиците и со конструктивен предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот