НБРМ - Народна банка / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Растат новите кредити, банкарските камати без поголеми промени

Во февруари годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,73 проценти и се задржа на нивото од претходниот месец, додека на годишна основа се намали за 0,45 процентни поени (п.п). Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен пад од 0,01 п.п., а на годишна основа е непроменета и изнесува 2,19 проценти, информира Народната банка.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во февруари, бележи месечен и годишен раст од 0,22 п.п. и 0,06 п.п., соодветно и изнесува 4,69 проценти. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечно зголемување од 0,08 п.п., додека на годишно ниво не оствари промена и изнесува 2,41 проценти – соопшти НБРСМ.

Во февруари, се нагласува во соопштението од Народна банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор остана на истото ниво од 4,35 проценти како и претходниот месец. Во споредба со февруари минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,47 п.п.

-Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во февруари, забележа месечно зголемување од 0,35 п.п. и изнесува 4,62 процента. Промената е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,42 п.п. и 0,15 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,22 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 0,17 п.п., прецизираат од НБРСМ.

Во февруари, додаваат, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 2,73 проценти.

-Притоа, растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула не забележаа промена. На годишно ниво, оваа каматна стапка оствари раст од 0,02 п.п., велат од Народна банка.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, како што велат, во февруари бележи месечно зголемување од 0,45 п.п. и изнесува 2,49 проценти.
Во февруари, нагласуваат, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,1 проценти и забележа намалување од 0,01 п.п. на месечно ниво. Промената е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,43 п.п.

-Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во февруари, изнесува 4,76 проценти, што претставува месечен раст од 0,09 п.п. Притоа, зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.), при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,05 п.п., посочуваат од НБРСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот