Рапсодија во „црвено“, Македонија убедливо ја совлада Словачка

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

После поразот од Швајцарија (62:67) на стартот од претквалификациите за пласман на Светското првенство, денеска во СЦ „Јане Сандански“ многу подобро издание на македонската сениорска кошаркарска репрезентација совладувајќи ја Украина со 69:47.

Неверојатни две четвртини одигра нашата селекција на вториот меч од „балонот“ во Скопје. Доколку во првата остваривме предност од (22:10), во онаа последната целосно го надигравме противникот. Со серија од 20:0 ставивме крај на осцилациите во втората односно третата четвртина за важен триумф..

Имавме одличен почеток на овој дуел, стартниот центарски двоец Крстевски и Трајковски имаа по шест поени, Стајиќ уште два, за водство од 14:5. По двете атракции на Вајли водевме и со 18:8, за тој одличен уводен дел го затвориме со исто така двоцифрени 22:10, и ново забивање од „Летечкиот Џејкоб“.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов/Фото: kfsm.mk

Силното крило ја донесе толку посакуваната енергија во играта на нашиот тим, особено во фазата на нападот. Затоа, за неполна минута од втората четвртина, имавме „плус 17“ (27:10). Недолго потоа имавме и двојно повеќе поени во однос на противникот (34:17). Но во вториот дел од втората четвртина ја загубивме концентрацијата во нападот. Словаците реализираа серија од 7:1, па на полувремето Македонија имаше нешто пониска позитива, (35:24).

По одморот ја загубивме играта во нападот, тешко доаѓавме до поени, а Словачка сериозно се приближи. На 02:46 мин. до крајот на третиот период имавме само „плус четири“ (44:40), кога селекторот Бајиќ мораше да реагира со тајм-аут.

Долго време ја баравме играта од првата четвртина, ја најдовме на почетокот од последниот период. Вајли отвори серија од 8:0 која со две тројки на продолжи Мекиќ, за сигурни (54:42) реализирани во минута и половина. Ја продолживме серијата на 13:0, се вративме на онаа „почетна предност“, имавме 59:42 на шест минути пред крајот.

Но, тука не беше крајот на таа рапсодија во црвено. Дотуркавме и до 20:0 за 65:42, најава за прва победа на турнирот. Најефикасен беше Б. Трајковски со 16 поени (осум скокови), по 12 поени имаа А. Мекиќ (пет скокови) и Џ. Вајли (шест скокови).

Џејкоб Вајли беше меѓу поефикасните во македонската репрезентација/Фото: kfsm.mk

В недела е слободен ден, апотоа го почнуваме вториот дел, со уште два круга, против истите ривали, прво со Швајцарија в понеделник (16 август) од 19.00 часот, а во истиот термин на 18 август (среда) против Словачка. Претходно на 17 август силите ќе ги одмерат Словаците и Швајцарците.

На табелата во групата „Ф“ води Македонија (131:114) со три бодови, со подобра кош разлика од Швајцарија (123:126) и Словачка (111:125) кои исто така имаат по три бодови. Првопласираните две репрезентации ќе се пласираат во главните квалификации за Мундобаскет 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот