Рамчиловиќ: Бараме загарантирани пратенички места за малите етнички заедници

Предлог-закон за измени на Изборниот законик со кој се предвидува укинување
на шестте изборни единици и се формира една изборна единица на територијата на државата
е од исклучително значење за развојот на демократијата и почитувањето на волјата на граѓаните
на изборите. Со ова се создаваат поголеми можности за во моментот помалите политички партии
за самостојно учество на избори и освојување на мандати, рече денеска независкиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ.

– Сакам  да изразам благодарност и до иницијаторот пратеникот Павле Трајанов за
транспарентноста и инклузивноста во подготовката на овој закон, во кој процес побарав
загарантирани места за помалкубројните заедници. Врз основа на моите забелешки додаден е
нов член 127-б за заедниците под 20 отсто, но истиот не гарантира самостојно обезбедување на
пратеничкиот мандат на сите заедници. Точно е дека овој модел освен на помалите партии нуди и поголеми можности за партиите на помалкубројните етнички заедници, но не е целосно праведен и нема да овозможи развивање на мултиетничкото општество. Односно предложениот изборен законик овозможува еднаквост, но не овозможува праведност. Овој предлог закон за Турците, Ромите и Србите овозможува самостојно освојување на пратенички места, додека Бошњаците и Власите ќе останат по страна од овие процеси со што дополнително ќе ја изгубат политичката моќ. Поради тоа како пратеник од бошњачката заедница предлагам освен една изборна единица, за
помалкубројните етнички заедници под 20 отсто од вкупното население се обезбедат загарантирани
пратенички места согласно Уставот. Според Уставот бројот на пратениците во Собранието изнесува од 120 до 140 пртаеници – предлага Рамчиловиќ.

Според него, има две можности.

Во моментот според Изборниот законик се предвидени 120 пратеници и 3 пратеници од дијаспората и преостанатите места да бидат распределени на помалкубројните етнички
заедници. Втората можност, со цел бројот на пратениците да не се зголемува, предлагаме составот да биде 105 пратеници плус 15 пратеници од помалкубројните етнички заедници под 20 отсто и плус  3 пратеници од дијаспората. Со ова ќе се унапреди положбата на малите етнички заедници – вели тој.

Пратеникот додава дека ова е дел од залагањата на повеќе здруженија, пратеници од
немнозинските етнички заедници, како и на двете најголеми партии и пратенички групи во
минатото.

– Верувам дека може да се направат дополнителни промени со кои ќе се подобри законското решение кое ќе овозможи гарантирана и правична застапеност на етничките заедници кои се под 20 отсто. Изборниот законик се поднесе во собраниска процедура без воведување на гарантирани места за сите. Во собраниска процедура ќе ги искористам сите деловнички можности преку амандмани да го подобрам законското решение со цел да биде поправедно за што ќе продолжам да разговарам и да барам подршка од пратениците и јавноста – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот