Рамбо Амадеус ја призна вината: Осуден е за сексуално вознемирување

Рамбо Амадеус и Лејла Кашиќ / Фото: Фејсбук/Рамбо Амадеус/Инстаграм/Лејла Кашиќ

Музичарот Антоније Пушиќ, алијас Рамбо Амадеус, се изјасни виновен за сексуално вознемирување на новинарката и продуцентка на емисијата „Дневница“ на Радио-телевизија на Црна Гора, Лејла Кашиќ, за што таа вчера објави на социјалните мрежи.

Како што вели таа, Рамбо ја признал вината и соодветно е казнет. Тој е осуден за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а неговото однесување е окарактеризирано како особено дрско, бесрамно и навредливо, пренесува „Б92“.

„Јас не сум некој кој е склон кон наслови во таблоидите, правејќи интриги од нешто што е трауматично искуство. Заштитувајќи го и моето и достоинството на осуденото лице, од март не одговарав на новинарските прашања и оттогаш до сега случајот е во рацете на институциите. Сега, кога сѐ е готово и осудениот доби некаква казна, горда сум на себе и благодарна на сите луѓе (и на оние што ги познавам и на оние што не ги познавам) кои застанаа покрај мене.

Посебно на Ана од Центарот за женски права и Јована од нивната правна поддршка. Велам некаква казна, затоа што Црна Гора сè уште нема сексуално вознемирување во Кривичниот законик. Горда сум, затоа што ова не беше само за одбрана на мојата чест и интегритет, туку и за секој од нас, вклучително и секој човек што поминал низ нешто слично (и полошо), а таа или тој молчеле. Нашата тишина им дава одобрение на луѓето склони кон манично и насилничко однесување. Одобрувањето дава храброст. Храброста дава незапирливост“, напиша Лејла.

„Ова не е мала/голема победа само за мене. Но за секој од нас кој утре ќе се осмели да пријави какво било насилство. И оној што го обесхрабрува да го стори истото. Кога витештвото, храброста и хероизмот ќе се замолчат и здравата мажественост ќе се удави во мизогинија и дупки во системот, ние сме тие кои не смееме да дозволиме: да бидеме изманипулирани и замолчувани. Не смееме да страдаме. За доброто на сите оние кои беа изладени од машка рака која, да имаше правда, можеше да се спречи.За доброто на сите оние кои ги инспирираме со нашиот пример“, заклучи таа.

Да потсетиме, Лејла Кашиќ во обвинението навела дека Рамбо Амадеус непримерно ја допирал, а потоа ѝ викал, за време на снимањето на емисијата во која тој гостувал, во март годинава.

Таа потоа јавно го повика УНИЦЕФ да реагира. Во име на УНИЦЕФ набрзо излегоа со официјално соопштение во кое наведуваат дека осудуваат секаква форма на малтретирање, а популарниот музичар ќе биде суспендиран.

Рамбо потоа јавно се извини, но новинарката сепак го тужеше.

Рамбо Амадеус за сексуалното вознемирување: Дотичната случајно ја плеснав по задникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот