Ракометарите со натпреварот против Данска го завршуваат настапот на ЕП

Ракометарите во првите две кола доживеаја два порази/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната репрезентација на Македонија вечера (20.45 ч.) против Данска ги завршува настапите на Европското првенство. Ракометарите во првите две кола загубија од Словенија (25:27), и од Црна Гора (24:28) со што ги загубија шансите за пласман во втората фаза и настапите ќе ги завршат на последното место на табелата во групата А без разлика на исходот од натпреварот со актуелниот светски и олимписки шампион.

Голем удел во резултатите во првите два кола имаа и проблемите во националниот тим, непосредно пред првиот натпревар со Словенија, се повреди капитенот Кирил Лазаров, а пред дуелот со Црна Гора, позитивен на коронавирус беше Стојанче Стоилов. И нашите противници имаа проблеми, посебно Црногорците кои едвај составија тим за настап на ЕП, отсуството на Лазаров и Стоилов се покажа како преголем проблем за „црвено-жолтите“.

Досега Македонија на претходните шест настапи на Европските првенства, на две не оствари победа. На дебитантскиот настап во 1998 година кога беа забележани пет порази и реми против Русија (26:26) како и на ЕП 2016 година кога поради поинаквиот систем, ремито против Србија (27:27) беше доволно да се помине првата фаза, за во главната фаза ракометарите да ремизираат со Норвешка (31:31).

– Останува да го одиграме мечот против Данска во кој нема што да загубиме, одиме да излеземе со ладни глави, да покажеме борбена игра и секако за наша душа. Се обидуваме да играме нов систем, еден брз ракомет со многу ротации. Од друга страна, не знам зошто имаме толку многу технички грешки, имавме премногу во дуелите со Словенија и Црна Гора – вели Филип Кузмановски.

Кузмановски: Се обидуваме да играме нов систем, против Данска нема што да загубиме

 

Лазаров: И јас правам грешки – верувам во репрезентацијата, можеби и повеќе од ракометарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот