Лазаров: И јас правам грешки – верувам во репрезентацијата, можеби и повеќе од ракометарите

лазаров
Македонскиот селектор Кирил Лазаров верува дека репрезентацијата напредува/Фото: Петр Стојановски

После двата порази во Дебрецин од Словенија и Црна Гора, репрезентацијата на Македонија ги загуби шансите за пласнан во втората фаза на Европското првенство.

Дуелот в понеделник (20.30 часот) против актуелниот светски шампион ќе биде последен за избраниците на селекторот Кирил Лазаров на континенталниот собир.

Лазаров пред медиумите изјави дека боли поразот од Црногорците, но истакнува дека за она што се подготвуваше селекцијата да настапи комплетна на ЕП како во квалификациите, не се успеа.

– Македонската репрезентација не е иста без Лазаров, Маркоски, Митревски, Ојлески, Стоилов, Манасков, како и без невакцинираните. Планиравме на Европското првенство да бидеме комплетни и да им се спротивставиме на противниците. Ова не е алиби, туку е реална ситуација. Загубивме од Словенија и Црна Гора, во натпревари со многу борба. Можеби од тој аспект помисливме дека можеме на крајот да ја совладаме Црна Гора, но ги мотивиравме ривалите. Црна Гора има одлични индивидуалци како споредба во кои клубови како настапуваат, а каде нашите, тоа е значи нивна предност.

Ја видов снимката и увидов дека сме на добар пат, оптимист сум, но и воедно прифаќам критика. Стартуваме од нула, ќе разговараме за тоа кој и зошто правел грешки во текот на мечевите. Применуваме брз и модерен ракомет и против Црногорците бевме блиску да победиме. Но, недостига тој победнички менталитет, велат дека се раѓа спортист со таков менталитет, но и може да им се вгради тој менталитет.

Кузмановски: Се обидуваме да играме нов систем, против Данска нема што да загубиме

Да, и јас правам грешки, и треба да ги поправам. Верувам во репрезентацијата, можеби и повеќе од ракометарите. Имам јасна слика, не само играчки, туку и карактерно. Понекогаш и доколку си послаб ракометар, а имаш добар карактер, заслужуваш место во националниот тим. Јас нема да се предадам, се случувале вакви моменти и во мојата кариера како играч. Напредуваме, но тоа треба да се преточи во успешни победнички резултати – рече Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот