Ала Пугачева и Владимир Путин/ Фото Pitalev Ilya / TASS / Profimedia

Пугачева по осудата на инвазијата на Путин на Украина, се јави од Израел: Се молам за мир

Ала Пугачева неодамна побара и неа да ја вбројат во странски агенти, откако Министерството за правда го стави на црната листа на нејзиниот сопруг Максим Галкин.

Кралицата на советската поп музика Ала Пугачева објави дека е во Израел, три недели откако јавно ја осуди инвазијата на Путин на Украина.

„Им благодарам на повеќемилионската армија на моите обожаватели за нивната љубов и поддршка, на нивната способност да ја разликуваат вистината од лагата“, напишала Пугачева (73) на Инстаграм. „Од Светата земја се молам за вас и за мир“, им порачала таа. „Среќна сум!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALLA PUGACHEVA (@alla_orfey)


Пугачева важи за суперѕвезда во својата земја. Таа ја обликуваше рок и поп музиката во Русија од седумдесеттите години на минатиот век.

Меѓу руските генерации, таа е најпозната по хитовите како песната „Million Scarlet Roses“ од 1982 година и филмот „Жената која пее“ од 1978 година.

Пред три недели, таа побара да биде вброена во странски агенти, бидејќи Министерството за правда го стави на црната листа на нејзиниот сопруг Максим Галкин, сметајќи го за „странски агент“.

Меѓу нејзините обожаватели во минатото беа актуелниот претседател Владимир Путин и неговиот претходник на местото претседател Борис Елцин.

Кога во август почина Михаил Горбачов, Пугачева зборуваше пофално за последниот советски лидер бидејќи, како што рече, тој дозволувал слобода и го одбивал насилството.

Позната руска пејачка бара од Министерство за правда да ја прогласи за странски агент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот