Позната руска пејачка бара од Министерство за правда да ја прогласи за странски агент
Руската пејачка Ала Пугачева ја осуди руската агресија против Украина и побара да биде вброена меѓу странските агенти откако Министерството за правда го стави на црната листа нејзиниот сопруг Максим Галкин како „странски агент“.
Препорачано
„Затоа што се солидаризирам со мојот сопруг, чесен, пристоен и искрен човек, вистински и незаборавен руски патриот, кој на својата татковина и посакува благосостојба, мирен живот, слобода на говор, за разлика од оние кои ги убија нашите момчиња за илузорни цели и ја направија нашата земја отфрлена и кои ги искомплицираа животите на нашите граѓани“, напиша таа на својот Инстаграм.
Пугачева важи за суперѕвезда во својата земја. Таа ја обликуваше рок и поп музиката во Русија од 1970-тите.
Нејзиниот успех го преживеа падот на Советскиот Сојуз. Таа до денес редовно се појавува на руските телевизии.
Бракот на 73-годишната дива со 27-годишниот водител и комичар Максим Галкин беше честа преокупација на таблоидите во Русија.
Откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари, двојката ја напушти Русија и замина во Израел.
За разлика од Галкин, кој го критикуваше руското раководство по пристигнувањето во Израел, Пугачева досега се воздржуваше од политички изјави.


