Прво ќе ги изведам децата на пат, па потоа ќе живеам! Но животот за оваа жена имал друг план…

профимедиа

Една стара жена за подарок добила кутија полна со крушки. Одлучила прво да ги изеде оние презреаните и малку скапани крушки, „за да не се фрлат“, па потоа да ги изеде здравите и убавите. Секој ден јадела по една или две презреани крушки додека не ги изела сите. На тој начин ги потрошила сите крушки, а ниеднаш не вкусила здрава и цела крушка.

Оваа вистинска приказна ме поттикна да размислам за тоа што чекам јас? Да заработам пари? Да пораснат децата? И потоа… Ништо. Времето поминало.

Неодамна разговарам со сосетката која со часови седи пред куќата и гледа во една точка. Ја прашувам што и се случило? А таа вели:

„Цел живот немав време да се посветам и сега животот помина.“

Почнав да ја разубедувам дека животот не поминал, дека има уште време, меѓутоа, таа продолжи да зборува:

„Размислував – ќе заработам пари, ќе изградам викендица, децата ќе пораснат, а јас ќе живеам за себе. Ќе почнам да носам фустани, помодерно да се нашминкам, секогаш ќе имам фризура, но еве сега имам речиси седумдесет години и носам фармерки, не се шминкам, а повеќе од 20 години косата ја носам врзана во репче.

Децата пораснаа и си отидоа. Викендицата ја изградив, но никогаш не уживав…“

„Па што! Еве, ајде сега дојди со мене кај фризерката, ајде ќе одиме да купиме и фустан…“

„Не го сакам тоа повеќе. Уморна сум. Реалноста победи. Трката е завршена“, вели таа целата изморена.

Пред мене седеше една исцрпена и очајно уморна жена. Тогаш се сетив на една изрека која ја прочитав некаде:

„Патот наречен „подоцна“ води кон земја која се вика „никогаш“.

Затоа, живејте сега. Не оставајте ги убавите работи за подоцна, бидејќи ќе се расипат, како оние крушки од почетокот на приказната. Облечете ги омилените чевли денес. Нашминкајте се. Изгледајте онака како што сте сакале отсекогаш, бидејќи утре ќе биде доцна.

Не го одложувајте животот за подоцна. Ако ги задоволите своите потреби ќе бидете среќни, а среќната личност може сѐ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот