Прва сензација на Ролан Гарос, Жабер во аут

Онс Жабер настапот на Ролан Гарос го заврши уште во првото коло/ фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Туниската тенисерка Онс Жабер која на Ролан Гарос дојде како една од главните фаворитки за пласман во финалето, доживеа елиминација уште во првото коло на гренд слем турнирот што се игра на земја.

Подобра од шестата светска тенисерка која триумфираше на мастерсот во Мадрид и играше во финалето во Рим, беше Магда Линет која славеше во три сета и тоа со 3:6,7:6,7:5.

Жабер првиот сет го доби рутински откако три пати го одзеде сервисот на противничката, но во вториот сет Линет заигра далеку подобро. Таа не дозволи д и биде одземен сервисот и во тај-брејкот со освоени четири поени по ред успеа да дојде до израмнување на 1:1 во сетови. Во третиот сет, полската тенисерка успеа во 12. гем да направи брејк што значеше победа и пласман во второто коло.

Во второто коло се пласираа и Сорана Кирстеа која славеше со 2:0 во сетови против Марија од Германија како и Хадад Маиа, Осорио и Стивенс кои победија во три сета.

Во машка конкуренција, Борна Чориќ во четири сета беше подобар од Табернер, Григор Димитров славеше со 3:0 против Гирон, додека мало изненадување претставува елиминацијата на повратникот Доминик Тием кој загуби со максимални 3:0 од Делиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот