Прва лига: Малески за триумф на Струга Трим Лум, Академија Пандев одигра реми со Шкупи

Во саботата се одиграа четири натпревари од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига, составот на Струга Трим Лум триумфираше над Работнички со 0:1. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Малески во 28 минута од средбата.
Академија Пандев ремизираше 1:1 со актуелниот шампион Шкупи. Чаирчани од 27 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Адем.
Шкупи и со еден играч помалку успеа да дојде до водство преку Грузиецот Маргвелашвили во 31 минута. Бодот за „пандевци“ им го донесе Велиновски во 79 минута.
Минимално славеше Македонија ЃП на гостувањето кај Тиквеш (0:1), а стрелец на единствениот погодок беше Фазли (67`).
Силекс убедливо ја надигра Победа (1:5), по првиот дел клубот од Кратово имаше позитива откако првите голови ги постигнаа Рамани во шестата и Серафимовски во 44 минута.
Прилепчани намалија на стартот од вториот дел (Јованов, 47`), потоа за 1:3 се погрижи Манасиевски (75`), а во финишот двоен стрелец беше Ѓорѓиевски (90`, 90+2`).
Табела: Струга Трим Лум 46 бодови, Шкупи 42, Шкендија 38, Силекс 38, Брегалница Штип 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, Академија Пандев 20, Скопје 14, Победа 13.