Прв и основен симптом на срцев удар е силната болка, научете да ја препознаете

Фото: Профимедиа

Како треба да се однесуваат пациентите со кардиоваскуларни болести во текот на летото, што мора да избегнуваат и без што не смеат да одат на одмор?

Срцевите пациенти на одмор треба да избегнуваат невообичаено големи напори што не се соодветни на нивната здравствена состојба, тоа е првото нешто. Потоа, треба да избегнуваат ненадејни и големи загуби на течности, затоа што веќе со самото земање лекови, тие најчесто имаат зголемени загуби на течности, а во летните месеци може да се случи поради некој несоодветен напор да дојде до зголемена загуба на течности. Храната мора да се прилагоди на надворешните услови и на самата болест на пациентот, советуваат кардиолозите.

Прв симптом – кога треба да се сомневаме на срцев удар?

Главниот прв симптом на срцев удар е силна болка зад градната коска. Таа болка може да варира во интензитетот и во начинот на настанувањето. Болката по правило не престанува, трае континуирано, може да се шири во левата рака, во грбот, во вилицата… А, некои облици на срцев удар, заедно со болката, се придружени и со гадење и повраќање, објаснуваат кардиолозите.

СРЦЕВ УДАР: Жртвите ги чувствуваат овие симптоми и еден месец порано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот