СРЦЕВ УДАР: Жртвите ги чувствуваат овие симптоми и еден месец порано

Ненадејниот срцев застој не мора секогаш да биде големо изненадување. Најновото истражување покажало дека многу луѓе ги игнорираат сигналите кои телото со денови им ги упатува, па дури и со недели пред застојот на срцето.

Неодамна е спроведено истражување во Портланд во кое повеќе од десет години се следеле лица кои страдале од ненадеен срцев застој.

Разговарано е со многу луѓе кои биле блиски со жртвите, како и со преживеаните пациенти и детално се прегледани нивните здравствени картони. Откриено е дека половината од пациентите доживеале знаци на предупредување пред застојот и тоа најчесто во облик на болки во градите и недостаток на здив, што почнало околу еден месец пред застојот.

Неколку пациенти сфгатиле дека нивните симптоми се доволно загрижувачки и повикале брза помош пред да го доживеат ударот. Тие имале и најголеми шанси да го преживеат застојот на срцето.

Ова е показател дека не треба да се игнорираат сигналите кои ни ги праќа телото. На прво место се болките во градите и недостаток на здив, кои веднаш треба да ве натераат да отидете на лекар.

Претходен срцев удар, коронарни болести на срцето и некои наследни пореметувања кои влијаат на работата на срцето, го зголемуваат ризикот од ненадеен застој на срцето.

Кај мажите најчесто се јавуваат болки во градите, додека жените почесто остануваат без здив. Други симптоми на кои треба да се обрне внимание се несвестица и нерамномерни отчукувања на срцето, пишува „Хамилтон спектатор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот