Проверени трикови – Еве како да ја задржите топлината во вашиот дом!

Бидејќи овие денови времето надвор е се поладно и поладно, имаме потреба што повеќе да останеме во убаво затоплениот дом. Сите ние немаме можности да го засилиме греењето (а оние кои имаат, му штетат на домашниот буџет), па затоа ви носиме листа на чекори кои ќе ви помогнат да го одржувате вашиот дом подолго време потопол.

Под прозорците и вратите поставете ќебиња, па на овој начин ќе излегува помалку топлина од вашиот дом.

На радијаторите можете да вградите автоматски термостат, кој температурата во воздухот постојано ќе ја одржува на исто ниво.

Над радијаторот кој се наоѓа под прозорот поставете алуминиумска фолија. Па така, топлината ќе биде насочена кон просторот, а не кон ѕидот под прозорот.

Ако поставите штица над радијаторот, тоа ќе преставува препрека топлиот воздух да излегува низ прозорот. Исто така, радијаторите не смеете да ги засолнувате со завеси и мебел.

Избегнувајте прозорците или вратата од терасата да ги оставате подотворени, бидејќи на тој начин топлината од просторијата излегува, а воздухот е се понеквалитетен. Наместо тоа, проветрувајте ја собата неколку пати во денот.

Спуштањето на ролетните, исто така, може да овозможи топлината подолго време да остане во просторијата.

Доколку надвор е ладно, но сепак сончево, тргнете ги завесите за природната топлина да навлезе во вашиот дом.

Многу енергија се троши со загревање на ладни простории. Подобро обидете се температурата во собата да ја одржувате еднаква во текот на целиот ден – преку ден околу 20, а навечер околу 15 степени.

На паркетот или ламинатот ставете тепих – ќе ви послужи како изолација која ќе го спречи губењето на топлината во подот.

После печењето нешто во рерна, оставете ја вратичката отворена, за додатно да ја загрее ладната просторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот