Пронајден таксистот во чие возило Матеј сакал да влезе: Таткото на исчезнатиот сплиќанец ги откри последните детали од потрагата

Матеј и Ненад Периш/Фото: Слободен печат/колаж

Шести ден од потрагата во Белград по Матеј Периш од Сплит, кому на новогодишната ноќ му се губи секаква трага пред ноќниот клуб „Готик“ на брегот на реката Сава

Таткото на Матеј Ненад вчера даде интервју за „Јутарњи лист“. во кое тврди дека пронајден таксистот во чие такси возилосакал да влезе млад човек за кој се претпоставува дека е Матеј.

Клубот Готик каде Матеј Периш се забавувал со друштвото на новогодишната ноќ/Фото: Скриншот

 

Полицијата го интервјуираше и нема ништо спорно. – Дали е слободно? прашало момчето. Тој претходно ја фатил рачката на задната врата, но бидејќи стаклата биле затемнети, не видел дали има патници. Потоа се наведнал и кога се уверил дека има патници позади, таксистот му одговорил: „Зафатен сум, имам возење“ – раскажува Ненад Периш.

Се бара таксистот кој не го качи Матеј во возилото/Фото: Скриншот

Да потсетиме, неколку безбедносни камери, со видео надзор на повеќе згради, го снимиле неговото движење, како и престојот од речиси еден час во напуштена зграда позната како „Шпанска куќа“ во Савамала, но и спуштање во реката од скалите недалеку од ресторанот „Саванова“, на половина километар.

Местото покрај Сава каде исчезна Матеј Периш од Сплит/Фото: Скриншот

Никој не може да открие зошто младиот човек речиси лудо трчал по белградските улици, во раните утрински часови на последниот ден од декември

Тој трчал како некој да го брка, залудно обидувајќи се да влезе во такси на улицата Караѓорѓева.

Нови снимки за исчезнувањето на Матеј Периш/Фото: Скриншот

После тоа, камерите од блискиот ресторан го снимиле неговото бегство низ улицата која влегува во објектот „Шпанската куќа“. Еден час подоцна е снимен како излегува од оваа руинирана зграда и се упатува кон Шеталиштето и областа каде се гради комплексот Белград на вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот