Прохаска е новиот УФЦ шампион во полутешка категорија

Принтскрин/ YouTube (UFC)

Чешкиот ММА борец Јиржи Прохаска е нов шампион во полутешка категорија (-93 кг) во УФЦ организацијата откако утринава го победи досегашниот шампион Бразилецот Гловен Тешеира.

Прохаска до победата и шампионскиот појас дојде во финишот од петтата рунда и тоа со гушење на Тешеира.
Со победата, Прохаска стана првиот Чеш што го освоил шампионскиот појас во УФЦ.


Со триумфот, Прохаска дојде до скор од 3:0 во УФЦ, додека во кариерата има 29 победи, 3 три порази и една борба заврши без победник. Можен противник на Прохаска во првата одбрана на титулата е поранешниот шампион Јан Блахович.

Во останатите борби, Валентина Шевченка ја задржа шампионската титула во мува категоријата откако со поделена одлука на судиите славеше по пет исцрпувачки рунди над Бразилката Талија Сантос.

Двајца судии предност и дадоа на Шевченко (48:47 и 49:46), а еден на Сантос (47:48). Ова беше седма одбрана на титулата на Шевченко која сега има скор од 23 победи и 3 порази.

Во борбата на двете поранешни шампионки во сламка категоријата, Веили Жанг во втората рунда ја нокаутира Јоана Јенджејчик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот