20 C
Скопје

Продуцентите се „тепаат“ за војвотката – Меган Маркл ќе добие 50 милиони долари за враќање на глумата

Меган Маркл (38) планира да ѝ се врати на глумата, а продуцентите се тркаат во чиј проект таа прво ќе се појави. Тие тврдат дека војвотката од Сасекс може да заработи 50 милиони долари за нејзиното враќање, пишува „Мирор“.

Холивудскиот режисер Пол Фиг (57) рекол дека многумина се трудат да направат договор со Меган, а на прашањето дали тој би ја ангажирал за еден од неговите филмови, тој одговорил – се разбира.

– Доведете ми ја, би сакал. Мислам дека таа е одлична, јас сум нејзин обожавател – рекол Фиг.

Фото: Профимедиа

Британскиот менаџер за таленти Џонатан Сигмунд Шалит изјавил дека нејзиното враќање на сцената ќе биде феноменално.

– Каква и да е улогата што ќе ја игра, сите ќе сакаат да ја видат. Зборуваме за 50 милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога таа ќе се појави. Ако случајно се врати во серијата „Костуми“, тоа ќе биде најгледаната серија на светот – рекол тој за „Мирор“.

Шалит верува дека Меган мора внимателно да го избере тимот на актери со кои ќе соработува ако сака да успее во своето враќање. Тој тврди дека таа има неверојатни способности со кои може да ги воодушеви филмските продуценти.

Фото: Профимедиа

Меган и Хари купија луксузна куќа во Санта Барбара, а ја одбраа таа локација, бидејќи е близу Холивуд. Вилата има 18.000 квадратни метри и има 5,4 хектари земја, базен, тениско игралиште, дел за гости и главна куќа. Тука се наоѓаат девет спални соби, 16 купатила, а ја платиле 14,6 милиони долари.

Поврзани вести

ВИДЕО: Кортни Кокс ја исфрлила водителката од дома бидејќи била лоша цимерка

Слободен печат

ФОТО | Јелена Карлеуша ги замолчи оние кои не веруваат дека се вакцинирала: Јецо, те почитувам, но иглата никаде не ја гледам – Затоа што си слепа!

Слободен печат

Кралицата Елизабета никогаш не открива што сака најмногу да јаде: Има една многу добра причина за тоа!

Слободен печат

ВИДЕО | Новиот хит на „Coldplay“ прв го слушна астронаутот Томас Пескет: Концерт за една личност

Милена Ри

ФОТО | Верна на својот стил: Брижит Макрон во палто кое одлично им прилега на русокосите!

Слободен печат

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Слободен Печат

Остави Коментар