Продолжен притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Тафталиџе
Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и го продолжи краткотрајниот притвор за осомничениот Стојанче Јовановски, чија сопруга и нивната 6-годишна ќерка загинааа по пад од зграда во Карпош.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претходно обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, меѓу кои се вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на видео-снимки од повеќе критични локации.
Во рамки на постапката се прибира и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.
Трагедијата во Карпош, во која животот го загубија мајка и дете, предизвика реакции во јавноста и покрена прашања за работата на инситуциите кога е во прашање семејното насилство.
Јовановски е осомничен за Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик
Ова е второ и последно продолжување на притворот, по што следи редовен притвор.


