Зградата во скопската населба Тафталиџе / Фото: Слободен печат

Обвинителстото бара продолжување на притворот за сопругот насилник

Основното јавно обвинителство Скопје бара продолжување на притворот за нови 48 часа за насилниот сопруг – Стојанче Јовановски, чија сопруга и нивната 6-годишна ќерка загинааа по пад од зграда во Карпош.

Од Обвинителството велат дека предлогот за определување нов 48-часовен притвор е доставен бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, а се обезбедуваат и се анализираат видеозаписи од повеќе критични локации. Исто така, велат дека се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов,соопшти обвинителството.

Пред два дена на Јовановски му беше определен краткотраен притвор од 48 часа за, како што посочија од Обвинителството, обезбедување докази во однос на сомненијата и за да се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес и други дејствија.

Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

Јовановски е осомничен за Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик

Ова е второ и последно продолжување на притворот, по што следи редовен притвор.

Денес се случи убиство – сестра ми и внука ми со години трпеа терор дома, вели скопјанец по страшната трагедија во Тафталиџе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот