КПУ Затвор во Шутка, Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Сопругот-насилник оди во притвор два дена

Основно јавно обвинителство Скопје соопшти дека по негов предлог, судијата на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд му определил краткотраен притвор од 48 часа на Стојанче Јовановски, чијашто сопруга, Ивана Јовановска, заедно со нивната шестгодишна ќерка, се фрли од зграда во населбата Тафталиџе.

Од Обвинителството информираат дека против осомничениот постојат сомненија за сторени кривични дела – „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“ од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

„Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија за обезбедување докази во однос на сомненијата“, соопштија од Обвинителството.

Јовановски, според бројните сведоштва и информации кои денеска беа потврдени од институциите, со години ги изложувал сопругата и девојчето на физичко и психичко насилство, кое ниту полицијата ниту социјалните служби не успеале да го запрат. Ивана и вчера, само два часа пред трагедијата, го пријавила во полиција сопругот дека ја нападнал на булеварот „Гоце Делчев“, кај комплексот на судовите, потврдија од МВР за „Слободен печат“. Полицајците разговарале со жената, но таа им кажала дека немало конфликт и потпишала изјава дека ја повлекува пријавата, велат од МВР.

Мајката поднела тужба да се разведе од насилникот, а во ЦСР Скопје пред еден месец е пријавено дека сопругот ја тепал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот