Проценка на ИАТА: Авиокомпаниите со двегодишна загуба од околу 157 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Меѓународното здружение за воздушен превоз ИАТА соопшти дека авиокомпаниите, поради вториот бран на пандемијата на коронавирус, оваа и следната година би можеле да претрпат загуби во износ од 157 милијарди долари. Од ИАТА проценуваат дека бројот на патници за оваа година ќе се намали на 1,8 милијарди од ланските 4,5 милијарди.

ИАТА, со седиште во Монтреал, Канада, објави извештај за економските и финансиски изгледи на глобалната индустрија за воздушен транспорт. Во Извештајот се проценува дека вкупната потрошувачка во воздушниот сообраќај во 2020 година ќе падне на 340 милијарди долари, што е за 61,2 проценти помалку од 2019 година.

Се наведува дека трошењето во авиосообраќајот во текот на 2021 година треба да се зголеми за 40,1 процент во споредба со 2020 година и да достигне 476 милијарди долари.

Експертите на ИАТА сметаат дека, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, авиокомпаниите може да претрпат загуба од 118,5 милијарди долари во оваа година и 38,7 милијарди долари следната година, што би претставувало вкупна загуба од 157 милијарди долари.

Во јунскиот извештај за изгледите во воздушниот транспорт, ИАТА процени двегодишна загуба од 100 милијарди долари.

Авиоиндустријата е меѓу најпогодените за време на кризата предизвикана од глобалната пандемија на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот