Присуството на Ѓоковиќ на мастерсот во Рим е неприфатливо

Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/DIEGO FEDELE

Поранешниот италијански тенисер и победник на Ролан Гарос, Адријано Паната, вели дека Новак Ѓоковиќ подобро да не доаѓа во Рим доколку не се вакцинира против коронавирусот.

На српскиот тенисер не му беше дозволено да ја брани титулата на Австралија Опен, а сагата во Мелбурн заврши така што Ѓоковиќ беше протеран од земјата бидејќи не беше вакциниран, а министерот за имигранција Алекс Хок, процени дека би можел да влијае на противниците на вакцинацијата и му ја укина визата. Сојузниот суд ја потврди одлуката на министерот Хок по што Ѓоковиќ остана без можност да ја брани титулата и се уште нема настап на турнир во 2022 година.

Србинот ќе дебитира на турнирот во Дубаи, а се очекува прв голем турнир да му биде Мастерсот во Рим. Италијанската влада неодамна најави ублажување на мерките и можност невакцинирани тенисери да настапат на турнирот, но Ѓоковиќ нема да ја има поддршката од еден од најдобрите италијански тенисери на сите времиња. Мастерсот во Рим треба да се игра од 2. до 15. мај.

– Моето лично мислење за Новак Ѓоковиќ нема да се промени и затоа ќе го  кажам уште еднаш: или ќе се ваквинира или подобро да не доаѓа во Рим. Но, очигледно е дека нео длучувам јас, правилата на турнирот се во согласност со италијанските закони и одлуки на владата. Доколку законот тоа го дозволува, тогаш Ѓоковиќ ќе може да настапи. Да му се дозволи да настапи во Рим, ќе се создаде конфузија бидејќи така се испраќа погрешка порака. Сметам дека неговото присуство во Рим е неприфатливо – изјави Паната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот