Пристигнуваат сосема поинакви „Пирати од Карибите“, еве кој ќе ја има главната улога

инстаграм

Австралиската актерка Маргот Роби ќе ја има главната улога во новото продолжение на „Пиратите од Карибите“, во филмот во кој ќе доминираат жените, што славната франшиза на Дизни би требало да ја претстави во сосема ново светло.

Новото продолжение, кое е во рана фаза на развој, го претставува најновиот обид на Холивуд филмските хитови повторно да ги сними со жени во главните улоги, како „Истерувач на духови“ од 2016 година со Мелиса Мекартни, или „8-мина од Оушн“ од 2018 во кој сите главни улоги на криминалците беа женски улоги.

Маргот Роби / Инстаграм

Засега нема никакви информации за заплетот на филмот за кои сценаријото го пишува Кристина Ходсон.

„The Hollywood Reporter“ објави дека станува збор за нов проект кој нема поврзаност со претходно најавениот нов филм од франшизата, кој нема да има „женски акцент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот