Принцот Вилијам и принцот Хари го одобриле последниот дизајн на статуата на Дајана

Profimedia
Фото: АФП/Профимедиа

Расправиите накратко беа тргнати настрана откако излегоа нови информации за статуата што треба да биде откриена на роденденот на покојната принцеза Дајана. Статуата ќе биде поставена во градината на палатата Кенсингтон, каде Хари и Меган ја објавија својата свршувачка…

Принцот Вилијам и принцот Хари го одобриле последниот дизајн на статуата, која ќе биде подигната во спомен на нивната мајка, принцезата Дајана, пишува „Мирор“.

Браќата уште во 2017 година објавија дека ќе направат нејзина статуа, а истата ќе биде дело на склупторот Иан Ранк-Бродли.

Profimedia
Profimedia

Уметникот ќе ја направи статуата на принцезата Дајана од леана бронза, а принцовите треба да ја претстават на 1 јули годинава, на нејзиниот 60-ти роденден. Статуата ќе биде поставена во склоп на палатата Кенсингтон, во градината Санкен, местото каде Хари и Меган објавија својата свршувачка.

Сепак, не е познато дали браќата се договориле за последниот дизајн пред или по интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, но странските медиуми веруваат дека тоа може да биде првиот знак дека браќата ќе се смират.

Profimedia
Profimedia

Знам дека Бродли тесно соработуваше со принцовите и мислам дека тоа ќе биде неверојатно. Среќни сме што го имаме како уметник во Велика Британија“, изјавил извор близок до склупторот.

Исто така, Хари, наводно, ветил дека ќе присуствува на откривањето на статуата, и покрај односите меѓу него и неговото семејство.

Браќата ја нарачале склуптурата за да ѝ оддадат почит на нивната покојна мајка и да се одбележи „нејзиното позитивно влијание“.

Profimedia
Profimedia

Кога за првпат беше објавена информацијата за статуата, извор близок до Палатата, наводно, рекол дека тоа била нивна желба со години.

Принцот Вилијам и принцот Хари сонуваа да го направат тоа долго време. Двајцата беа многу мали кога нивната мајка почина, но и двајцата сега се возрасни мажи и сакаат да ѝ оддадат почит на најдобар можен начин. Потребни беа 20 години за ова конечно да се оствари, така што тие се решени дека ќе биде трајно и соодветно наследство во официјалната резиденција во Лондон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот