Принц Вилијам, Ендру Маунтбатен-Виндзор / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN / EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Принцот Вилијам наводно му се јавил на чичко му Ендру по скандалот со Епстин – еве што му кажал

Принцот Вилијам наводно го повикал својот чичко Ендру Маунтбатен-Виндзор по скандалот со Џефри Епстин, но целата приказна повторно го отвори прашањето за длабоките поделби во британското кралско семејство.

Принцот Вилијам наводно го повикал својот чичко за да му каже дека му е жал, откако Ендру ги загуби своите кралски титули, пишуваат странските медиуми, повикувајќи се на изјави од новата книга за покојната кралица Елизабета Втора со наслов „Елизабета Втора: Приватно. Јавно. Приказната одвнатре“, на Роберт Хардман.

Според овие тврдења, поранешниот принц наводно бил „многу трогнат“ од повикот бидејќи Вилијам бил „еден од ретките луѓе“ кои го контактирале.

Кенсингтонската палата не сакаше да ги коментира овие тврдења. На Ендру му беше одземена титулата „принц“ во октомври 2025 година и беше избркан од резиденцијата на Кралската ложа поради неговата поврзаност со починатиот осуден педофил Џефри Епстин.

Кога новите документи за Епстин беа објавени во февруари, Вилијам и Катерина, принцезата од Велс, јавно објавија дека стојат покрај жртвите.

– Можам да потврдам дека принцот и принцезата се длабоко загрижени од континуираните откритија – изјави тогаш нивниот портпарол за новинарите пред пристигнувањето на двојката во Саудиска Арабија.

Неколку дена по објавувањето на новите документи, Ендру беше уапсен на неговиот 66-ти роденден под сомнение за злоупотреба на јавна функција за наводно предавање доверливи деловни документи на Џефри Епстин. Доколку биде осуден, може да се соочи со максимална казна доживотен затвор.

Кратко по апсењето на неговиот чичко, Вилијам наводно признал дека „не е во особено мирна состојба“.

Во статијата, исто така, се тврди дека принцот од Велс сакал целосно да го отстрани Ендру од кралското семејство уште од 2019 година, по катастрофалното интервју на Би-би-сСи во кое Ендру рекол дека не се кае за своето пријателство со Епстин.

Кралскиот автор Расел Мајерс тврдел дека Вилијам бил „апсолутно непопустлив“ по интервјуто и им рекол на тогашната кралица и на неговиот татко дека Ендру „мора да биде протеран“.

– Неговото одбивање да се извини за врската и да ја признае вистинската траума на жртвите на Епстин била апсолутна црвена линија за Вилијам – рекол Мајерс.

Тој додаде дека доколку Вилијам бил крал во тоа време, „ќе презел чекори за целосно да го отстрани Ендру од сликата“.

Прстенот што принцот Вилијам ѝ го подарил на Кејт кога биле студенти има сентименталната симболика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот