Пријавени 16 позитивни случаи на ковид-19 во Премиер лигата

Кристијан Пулишиќ беше позитивен и го пропушти дуелот со Арсенал/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Англиската фудбалска Премиер лига објави 16 позитивни случаи на коронавирус во текот на минатата недела.

3.060 луѓе беа тестирани за време на првите две кола од Премиер лигата, помеѓу 16 и 22 август.

По првото коло, имаше 12 позитивни лица, а четири лица во вториот коло, објави сајтот „sportstar.thehindu“. Премиер лигата тестира двапати неделно.

Еден од позитивните беше фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ, кој поради тоа го пропушти натпреварот против Арсенал. Бен Вајт од Арсенал исто така беше позитивен.

Во лондонското дерби славеа „сините“ на „Емирати“ стадионот со резултат 2:0, дебитантски погодок за Ромелу Лукаку за клубот од „Стемфорд Бриџ“.

ВИДЕО: Само бод за „црвените ѓаволи“ во Саутемптон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот