ВИДЕО: Само бод за „црвените ѓаволи“ во Саутемптон

Манчестер јунајтед дојде до бод на „Ст. Мери`с“ со голот на Гринвуд/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Денеска во рамките од второто коло во Премиер лигата составот на Манчестер јунајтед одигра нерешено на гостувањето кај Саутемптон (1:1).

После првото полувреме водеа домаќините после автоголот на Фред во 30 минута од средбата на стадионот „Ст. Мери`с“.

Израмнувањето се случи во 55 минута кога стрелаше Гринвуд после асистенцијата на францускиот интернационалец Погба.

Тотенхем славеше кај Вулверхемптон со резултат 0:1, стрелец на единствениот погодок беше Али во деветтата минута од пенал.

За гостите од 72 минута настапи Кејн кој во изминатиот период доста се поврзуваше со заминување од клубот.

Во некомплетното второ коло Тотенхем е на делба на првото место со шест бодови колку што имаат и Ливерпул и Брајтон, а Јунајтед е зад нив со четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот