Дајан Китон и Ал Пачино / Фото: Profimedia

Пријател на Ал Пачино открива: Дајан Китон беше љубовта на неговиот живот

Светот на филмот е во жалост по смртта на легендарната актерка Дајан Китон, која почина на 79-годишна возраст. Таа остави длабока трага во историјата на кинематографијата, а нејзиниот живот, покрај филмските успеси, го одбележаа и љубовните приказни што со децении ја интригираа јавноста. Една од нив беше нејзината врска со Ал Пачино, за кого блиски извори откриваат дека денес жали што никогаш не се оженил со неа.

Китон, која почина на 11 октомври, беше препознатлива по својот единствен хумор, шеширите со широк обод и одлучниот став дека никогаш нема да се мажи. Често се шегуваше на таа тема, па во интервју за списанието „Пипл“ во 2019 година изјави дека ѝ е драго што никогаш не стапила во брак.

По врската со Вуди Ален, Китон го запознала Пачино во 1971 година, на снимањето на легендарниот филм „Кум“ (The Godfather), каде што ја играше улогата на неговата сопруга Кеј. Подоцна признала дека се вљубила во него токму за време на снимањето, опишувајќи го како исклучително шармантен.

„Имаше нешто во него што потсетуваше на изгубено сираче, на некој луд гениј,“ изјавила актерката.

По неколку години заеднички живот, Китон му поставила ултиматум – брак или раскинување. Пачино, познат по тоа што избегнувал врзување, одлучил да си замине.

Иако Китон подоцна изјави дека навистина ѝ е мило што никогаш не се омажила, Пачино, изгледа, ја доживеал нивната љубов поинаку. По нејзината смрт, извори блиски до 85-годишниот актер за британскиот „Дејли мејл“ откриле дека тој длабоко жали што не се оженил со Китон.

„Кога се навраќа наназад, Ал признава дека љубовта на неговиот живот била Дајан, која секогаш ја нарекуваше неверојатна жена. Знам дека ќе жали засекогаш што не повлече потег кога имаше прилика“, изјави негов пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот