При претрес во Кавадарци, МВР пронајде хероин

Хероин / Форо: Архива на Слободен печат

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство во текот на вчерашниот ден, а по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од полицијата во Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци.

За време на претресот се пронајдени околу 150 грама хероин во повеќе пакувања подготвени за продажба.

При полициската интервенција било одземено и возило “алфа 159 ” како и парчни средства за кои полицијата се сомнева дека потекнуваат од продажба на дрога.

-В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство, се вели во соопштението од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот