Нормализација на односите Кина-Ватикан – кардиналот Паролин ќе разгледувал нови дипломатски формули

Ватикан/фото: МИА

Стабилно присуство во Кина, постојано претставништво и подобрување на односите -Ватикан сака зближување со Пекинг. Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин најави дека ќе разгледали нови дипломатски формули.

Минатата година Ватикан доби дозвола да има локален папски претставник во Виетнам, исто така комунистичка земја со која нема дипломатски односи.

Паролин на 79. генерално собрание на Италијанската бискупска конференција во Ватикан, зборуваше за кинеската црква, која понуди ретка платформа за разговори на високо ниво меѓу двете страни, а еден од присутните беше бискупот од Шангај, Џозеф Шен Бин, кој беше назначен од кинеските власти без консултации со Ватикан, што беше прекршување на бискупскиот договор од 2018 година. Сепак, папата ретроактивно го одобри овој потег минатата година, предизвикувајќи критики од конзервативните католици.

Во видео пораката за денешната конференција, папата рече дека Католичката црква напредувала во Кина преку трпение и надминување на предизвиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот