Превкусни крцкави кекси без грам брашно кои ќе ги обожаваат љубителите на кикирики

Фото: Пекселс/ Anna Belousova

Можете да направите вкусни кекси без грам брашно. Пире од слатки компири заедно со путер од кикирики ќе послужат како основа за овој десерт од американската кујна.

Засладете ги бисквитите со банана и малку јаворов сируп, а мелените кикирики ќе му дадат крцкавост на целиот десерт.

Овој рецепт е наменет за вегани – односно луѓе кои избегнуваат храна од животинско потекло. Доколку потеклото на храната не ви е важно, а при рака немате јаворов сируп, можете да го замените со мед.

Ќе ви требаат само десет минути за да ја подготвите смесата за овие здрави и вкусни кекси.

Состојки:

• 210 г пире од сладок компир
• 130 г путер од кикирики
• 100 г сецкани кикирики
• 65 мл јаворов сируп
• 1 голема банана
• 1 лажичка прашок за пециво
• прстофат сол

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
2. Покријте го плехот со хартија за печење и оставете го на страна.
3. Во голем сад измешајте ги пирето од слатки компири, путерот од кикирики, бананата, јаворовиот сируп, прашокот за пециво и малку сол. Оставете ја оваа леплива смеса да отстои околу пет минути на собна температура.
4. Потоа во смесата додадете ги мелените кикиритки и сè убаво измешајте.
5. Добиената смеса поделете ја на 10 до 12 еднакви делови со помош на топка за сладолед.
6. Смесата префрлете ја на хартијата за печење. Не ги стискајте премногу формираните кекси и погрижете се да има доволно простор помеѓу секој од нив.
7. Печете ги кексите во загреана рерна околу половина час или додека десертот целосно не се обработи термички.
8. Изладете ги целосно пред сервирање. Како што ќе се изладат, бисквитите ќе почнат да добиваат покрцкава текстура. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот