Премиерот на Шри Ланка избран за нов претседател на земјата и покрај масовните протести
Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, со големо мнозинство денеска беше избран за претседател на земјата, на местото на Готабаја Раџапакса, кој побегна од државата и поднесе оставка минатата недела.
Препорачано
Седумдесет и тригодишниот Викремесинге, поддржан од владејачката Народна партија на Шри Ланка, доби 134 гласа, наспроти 82 гласа за неговиот ривал Дулас Алахаперума. Третиот кандидат доби три гласа.
Двајца членови беа воздржани од гласање, а четири гласа беа неважечки.
Викремесинге, шестпати премиер, беше именуван за привремен претседател откако поранешниот, Готабаја Раџапакса, ја напушти земјата поради политичките и економските превирања на 13 јули. Викремесинге, кој исто така ја извршуваше функцијата премиер, сега официјално ја презема улогата на претседател.
Околу парламентарниот комплекс беше распоредено силно обезбедување иако не беа организирани протести.
Шри Ланка е пред банкрот и се соочува со недостиг од храна, гориво и други важни работи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


