Навивач на стадионот во Ватфорд доживеал срцев удар/Фото: Profimedia

Прекинат мечот Ватфорд – Челси: Лекарите спасуваат живот, навивач доживеал срцев удар!

Во 15 минута од првото полувреме беше прекинат натпреварот од Премиер лигата помеѓу екипите на Ватфорд и Челси.

Еден од навивачите на стадионот „Викариџ роуд“ во Ватфорд доживеал срцев удар и веднаш на стадионот пристигнала итна помош.

Моментно лекарите се борат да го спасат животот на тој човек, а поради таа причина е и во прекин натпреварот.

Слична ситуација имаше оваа сезона на „Ст. Џејмс“ парк кога имаше прекин на натпреварот помеѓу Њукасл и Манчестер сити, а лекарите и тогаш се бореа за животот на еден од навивачите на стадионот.

Ќе видиме кога ќе биде продолжен дуелот помеѓу Ватфорд и Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот