стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Возач прегазил 11-годишно девојче во Гази Баба и побегнал

На улицата „Перо Наков“ во Гази Баба синоќа прегазено е 11-годишно девојче, а возачот побегнал од местото на несреќата.

– Во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Перо Наков“ во Скопје, вчера околу 20:30 часот, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот – соопшти полицијата.

Девојчето е тешко повредено и хоспитализирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот