Пред шест месеци Чешка ја погоди силно торнадо, еве како изгледаат чешките села денес

Торнадото во Чешка пред и потоа/ Фото колаж на СП/ Ctk/Alamy/Alamy/Profimedia

Пред шест месеци, во средината на јуни, страотно торнадо погоди неколку села во југоисточна Бохемија, оставајќи пустош зад себе. Во меѓувреме, според чешките медиуми, многу се променило. Разликата меѓу фотографиите од селото веднаш по торнадото и моменталната состојба е огромна. Чешкиот портал iDnes објави фотографии пред и потоа кои сведочат за големите напори што се направени за обнова на домовите на мештаните.

Фотографиите покажуваат дека куќите во селата Хрушки, Микулчице, Моравска Нова Вес и Лужице имаат нови покриви. Жителот во едно од селата, Петр Шулава стои пред куќата на своите родители и на мобилниот телефон покажува како изгледала куќата на крајот на јуни. Таа била без покрив, а прозорците биле искршени. Денес куќата има нова фасада и изгледа како нова. Само во недовршениот двор може да се заклучи дека се работи за торнадо.

Торнадо во Чешка пред и потоа/ Фото Ctk/Alamy/Alamy/Profimedia

– Благодарение на убавото време ја завршивме фасадата. Помошта на армијата и пожарникарите беше огромна. Осигурителната компанија добро ја заврши работата, како и хуманитарните организации. Но, покрај куќата на моите родители има огромна дупка во земјата. Соседите морале да ја урнат целата куќа.

Чешка торнадо пред и потоа/ Фото Ctk/Alamy/Alamy/Profimedia

– Ќе бидат потребни уште 10 години додека селото целосно да се изгради, оценува Шулава.

Наместо меден месец, макотрпно го обновуваат својот дом

Игор и Доминика се венчале викендот пред торнадото. Наместо меден месец, тие следните шест месеци макотрпно го обновуваат својот дом. Денеска недостасува само фасадата од нивната куќа и да не знаевме што се случило, никогаш немаше да претпоставиме дека низ нивното село ече торнадо. Успеаа, првиот Божиќ го прославија во реновиран дом, а сега го чекаат и првото дете.

Торнадото во Чешка пред и потоа/ Фото Ctk/Alamy/Alamy/Profimedia

ГАЛЕРИЈА: Апокалиптична атмосфера во Чешка по страотното торнадо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот