ГАЛЕРИЈА: Апокалиптична атмосфера во Чешка по страотното торнадо
Чешка синоќа се соочи со исклучително редок случај како за европска земја. Таа беше погодена од силно торнадо, што нанесе многу штети на голем број куќи, згради, автомобили, улици и други објекти во градовите.
Засега се потврдени три жртви, а повредени се повеќе од 200. Торнадото ги зафати неколку градови од југоисточна Чешка, рушејќи ги куќите до своите темели.
Станува збор за најсилниот налет на ветер и бура во модерната историја на оваа средноевропска земја и прво торнадо до 2018та година.
Во тек е потрагата по преживеаните луѓе заглавени во рушевините.