Правиме зимница: Рецепт за највкусните пиперки во павлака

Фото: Профимедиа

Полиците полни со шарени тегли го будат најтоплиот спомен од детството, а домашната зимница е начин како во текот на најстудените месеци да јадеме домашни, традиционално подготвени деликатеси, по семејните рецепти. Ви даваме неколку совети како лесно, брзо и вкусно да подготвите зимница.

Ова е рецепт за пиперки во павлака, едно од нашите омилени јадења.

Состојки:

– 1 кг пиперки
– 500 г младо сирење
– 1,5 мл млеко
– Сол

Подготовка:

Исчистете ги пиперките, посолете ги од внатрешна страна, па потоа исцедете ги од сокот кој ќе го пуштат. Младото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и ставете ги во садот во кој ќе стојат.

Сварете го млекото со 1 лажица сол, па додека е топло, прелијте ги пиперките и добро затворете го садот.

Кога ќе се излади и преноќи, ставете го во ладилник. Уште 3 пати на секои 5 дена истурете ја вишокот течност, па прелијте со ново посолено млеко, околу половина литар, па повторете ја постапката. По 3 недели, чинијата ќе биде полна со цврста павлака и пиперки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот