„Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени“, порача Рот и си замина без да се сретне со Мицкоски

фото: Михаел Рот, пресконференција во МНР

Германскиот парламентарец Михаел Рот денеска оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која увери дека силната поддршка од Германија за надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, а значаен фокус стави на парламентарната дипломатија како исклучително важен инструмент во продлабочувањето на севкупната билатерална соработка. Ја повика опозицијата да гласа за уставните промени, зашто како што вели иако е тешко да се постигне компромис меѓу власта и опозицијата, важно е сега според него да се надминат блокадите на патот кон евроинтеграциите.

Министерот Османи истакна дека во преговарачка рамка не се вметнати билатерални прашања, нема да се разговара за идентитетски или историски прашања, туку акцентот ќе биде ставен на почитувањето на малцински и човековите права.

Рот се сретна и претседателот на Владата Ковачевски, со пратениците, спикерот на парламентот, владини претставници, но не и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Главната порака од Рот денеска беше наменета за пратениците од кои побара да ги гласаат измените во Уставот бидејќи граѓаните се нетрпеливи земјата да го продолжи патот кон ЕУ. Германскиот пратеник вели евроинтеграцијата не е само од интерес на државата туку и на ЕУ. Уверува дека никој од страна нема право да одлучува за идентитетот, тоа граѓаните го прават сами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот