Познатиот водител на „Си-Ен-Ен“ доби отказ по 17 години во телевизијата
Популарниот водител на „Си-Ен-Ен“, Дон Лемон, објави дека е отпуштен по 17 години работа во кабелската информативна мрежа.
Препорачано
„Утрово мојот агент ме извести дека сум отпуштен од „Си-Ен-Ен“, објави Лемон во објава на Твитер. „Запрепастен сум. По 17 години во Си-Ен-Ен, би помислил дека некој од раководството ќе има пристојност да ми го каже ова директно“, напиша тој.
— Don Lemon (@donlemon) April 24, 2023
Лемон беше накратко суспендиран во февруари откако даде навредливи коментари додека зборуваше за 51-годишната републиканска поранешна гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, која објави дека ќе се кандидира за претседател на партијата во 2024 година. Тој се обидуваше да ги критикува изјавите на Хејли дека политичките лидери постари од 75 години треба да го положат тестот за способност.
„Сите разговори за возраста ме прават да се чувствувам непријатно – мислам дека тоа е погрешен начин“, рече Лемон. „Таа вели дека политичарите или нешто слично не се во цутот. Ники Хејли не е во своите најдобри години – извинете – бидејќи жената се смета дека е во цутот во нејзините 20-ти и 30-ти, можеби и 40-ти“.
Заминувањето на Лемон од „Си-Ен-Ен“ беше брзо. Мрежата уште синоќа преку соопштение ја потврди веста.
„Си-Ен-Ен и Дон се разделија“, објави во изјавата извршниот директор на Си-Ен-Ен, Крис Лихт. „Дон засекогаш ќе биде дел од семејството на Си-Ен-Ен и му благодариме за неговиот придонес во изминатите 17 години. Му посакуваме се најдобро и ќе го бодриме во неговите идни напори“.
Но, Си-Ен-Ен ја оспори и изјавата на Лемон за тоа како бил отпуштен.
„Изјавата на Дон Лемон за настаните утринава не е точна“, оспорува мрежата во соопштението објавено на интернет. „Му беше понудена можност да се сретне со раководството, но наместо тоа беше објавено на Твитер“.


