Познатиот руски билкар Димитриј Јуровски тврди: Вака најдобро и најбрзо се јакне имунитетот!

Фото: Pixabay

Силниот имунолошки систем е првата линија на одбрана од сите болести, затоа добро запомнете ги овие рецепти.

Зајакнувањето на имунитетот сè уште е приоритет со оглед на пандемијата на коронавирусот. Руски билкар има подготвени одговори на прашањето како да се заштитите од инфекции и да го зајакнете имунитетот со помош на природни лекови?

Димитриј Јуровски е сигурен дека сѐшто е потребно за силен имунолошки систем се наоѓа во природата и дека треба само да знаете како да ги искомбинирате намирниците, зачините и билките. Комбинацијата на овие намирници е одлична превенција од настинки, грип и вируси, сигурен е тој:

Малини и рибизли

Во 100 милилитри врела вода ставете една лажица мед, една лажица малини, една лажица црна или црвена рибизла. Оставете да отстои 15 минути. Консумирајте половина чаша пијалак три пати на ден, пред оброк.

Липа и бозел

Измешајте една лажица цветови од липа со една лажица цветови од бозел. Полијте ја смесата со чаша вода и варете пет до десет минути. Земајте една шолја топол чај дневно.

Мед и лук

Измешајте една лажица мед со една лажица ситно сечкан лук. Земајте една лажица од овој производ дневно со топла вода пред спиење.

Цикорија и срценица (ѓаволско усте)

Во чаша врела вода додадете една лажичка срценица и една лажичка мелен корен од цикорија. Почекајте половина час. Консумирајте половина чаша пијалок три пати на ден.

Урми и млеко

Четири до пет свежи урми полијте со една чаша млеко. Варете на тивок оган пет до десет минути. Пред спиење испијте чаша топол пијалок.

Рен и мед

Ситно изрендајте корен од рен, ставете во тегла и додајте малку вода. Теглата цврсто затворете ја со капак и почекајте еден час. Потоа процедете го сокот од рен и во него ставете една лажица мед. Земајте по една лажица од оваа смеса наутро и навечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот