Познат тиктокер уапсен поради обвиненија за силување и сексуален напад врз повеќе лица
Бенџамин Глисон, познат тиктокер, бил уапсен во петокот во Њујорк поради сериозни обвиненија за силување. Тој се соочува со повеќе тешки кривични дела поврзани со сексуален напад, пренесува „ТМЗ“.
Препорачано
Според судските документи, Глисон е обвинет за два случаи на силување. Покрај тоа, обвинет е и за присилен сексуален напад од прв степен, сексуално злоставување од прв степен, тешко сексуално злоставување од втор степен, како и предаторски сексуален напад врз повеќе лица.
Исто така, се наведува дека извршувал сексуални дејства со лице кое не било способно да даде согласност.
Глисон на Тикток има околу 1,1 милион следбеници и се претставува како „американски уметник“ и „омилен инфлуенсер на вашата девојка“. На други социјални мрежи објавува музички содржини, синхронизација на песни и отворено зборува за својата борба со нарушување на личноста.
Претходно овој месец признал дека долго време бил зависен од дроги. Дури започнал и кампања за собирање средства со цел да обезбеди околу 6000 долари за стоматолошки третмани, тврдејќи дека забите му се сериозно оштетени поради долгогодишна злоупотреба на супстанции. Во обраќањето навел дека веќе две години е чист.
Тој зборувал и за влијанието што тоа го имало врз неговата самодоверба, објаснувајќи дека секојдневно се соочува со последиците од своето минато, особено кога се гледа во огледало или се обидува да се насмее.
Додал дека, иако неговата страст е да се поврзува со луѓето и да шири позитивност, не може целосно да се изрази сѐ додека не ги реши проблемите со забите. Поради тоа, како што вели, често се чувствува засрамено и како да му згаснала внатрешната светлина.


