Повреда на репрезентативецот Адеми, Динамо без капитенот против Виљареал!

Фото: EPA-EFE/PIETER STAN DE JONGE

Проблеми за хрватскиот гигант, но секако и за нашата најдобра репрезентација, информациите велат дека Аријан Адеми има повреда.

Динамо Загреб славеше во 28 коло од тамошниот шампионат против Локомотива (2:0) и го презеде врвот на табелата, но после натпреварот тренерот Дамир Крзнар објави и една лоша вест.

– Адеми има оток на стапалото, мора да го почекаме рентгенот, но прогнозата не е добра – рече Крзнар.

Според најавите нашиот играч ќе го пропушти реванш мечот од четвртфиналето во Лига Европа (четврток, 15 април) против Виљареал во Шпанија. Потсетување дека во првите 90 минути „модрите“ загубија минимално со 1:0.

Не посакуваме повредата да биде посериозна која ќе бара опоравување на подолг период, туку му биде на распогање на селекторот Игор Ангеловски во правата препознатлива форма за Европското првенство кое ќе започне во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот